Трансакциската анализа е теорија на личност, интерперсоналната комуникација и психотерапија насочена кон личен раст, развој и промени. Таа се темели на вредности како взаемно почитување, прифаќање и уверување дека секој поединец има капацитет да учи, да се развива и да прави свесни промени во својот живот.
Психотерапија според Трансакциска анализа (ТА) е структуиран и договорен пристап кој им помага на луѓето да развијат поголема свесност, слобода на избор и автентичност во односите.
ТА е развиена од Eric Berne и се темели на идејата дека секој човек има капацитет за промена и раст.